Охриѓанецот Климент Настоски, кој моментално настапува во третолигашот Грехен е пред преселба во тимот на Бил Биене.

Тој за потпис со швајцарскиот второлигаш ќе мора да го помине тест мечот, кој ќе одигра за тимот в среда.

– Од клубот каде што сум моментално ми кажаа дека заинтересиран за моите услуги е клубот Бил Биене. Нивниот тренер во неколку наврати доаѓаше на нашите натпревари и ги забележал моите настапи. В среда по натпреварот кој ќе го одиграм со екипата ќе се знае многу повеќе околу мојата преселба едно скалило погоре – рече Настоски.

Мх.П.