Од компанијата Микрософт негираат дека последните промени на нивната програма Скајп се извршени со цел безбедносните служби да ги пратат разговорите помеѓу корисниците на инстант пораките но и телефонските и видео повици.

Микрософт ваквото соопштение го издаде откако до нив стигнаа голем број на пораки во кои корисниците ја изразуваат нивната загриженост поради новите промени на Скајп преку кои како што изјавија од Микрософт “ќе се подобри пристапот до податоците за корисниците на “чат” просторот”
Во сооштението стои дека промените се извршени со една цел односно да се подобри работата на апликацијата.