Ситуацијата во македонскиот ракометен првак Металург се нормализира откако играчите одржаа состанок со управата на клубот.

Сите премии и плати ќе им бидат исплатени на ракометарите кои го кренаа гласот, по неисплаќањето на две плати од тековната сезона.

По смирување на страстите во Автокоманда ракометарите и клубот се фокусираат на предизвиците кои престојат во Лигата на Шампиони и регионалната СЕХА лига.

Веќе викендов македонскиот првак го очекува меч во ЛШ и тоа против Брест Мешков.

Мх.П.