Нелегалното изловување на риба не може да се спречи целосно но може и мора да се сведе на минимум, изјави Зоран Спирковски – експерт по рибарство во емисијата „Напладне“ на OhridNews.

Државата многу малку вложува во научни истражувања кои се клучни за заштита на рибниот фонд и Охридското Езеро. Имаме планови и закони но функционираат само на хартија. Затоа ситуацијата со пастрмката и нелегалниот риболов е и повеќе од алармантна, додава Спирковски.

Зоран Спирковски во емисијата „Напладне“: Ситуацијата со пастрмката и нелегалниот риболов е и повеќе од алармантна

OhridNews