Ситуацијата со Ковид-19 во детските градинки во Охрид е стабилна, вели директорката на ЈОУДГ Јасна Ристеска, Мери Рилкова. Моментално се 20 деца во изолација од две групи поради контакт со позитивни случаи на една негователка и една воспитувачка. Позитивни случаи на деца во градинката засега нема.

Вработените се вакцинирани и  не доаѓаа на работа уште од кога почувствувале симптоми. Во изолација се две групи на дечиња, на едната група наскоро и завршува изолацијата и ќе се вратат во градинка. Во едната група има седум деца, а во другата 13. До сега нема најава од родители дека имало позитивни случаи на Ковид-19 кај децата, вели Рилкова. 

Според директорката, вообичаено е во овој период од годината да е намален бројот на деца во градинките. Причина за тоа, покрај пандемијата се и зимските одмори, а во овој период, вообичаено се јавува и отсуство кај дечињата поради сезонски грип или настинки.

Секоја година од ноември до февруари состојбата е ваква. Можеби бројот на деца е намален и поради страв, но и поради тоа што дел од родителите се дома за време за зимскиот распуст па има кој да се грижи за децата.  Карактеристично е за овој период  да е намален бројот на деца во групите. 

Имено, поради заштита на дечињата од Ковид-19, согласно протоколите пропишани за работа на детските градинки, бројот на деца во групите е дополнително намален.

 

К.А.