Сицилијанец погоден со четири куршуми во главата и во длабока кома, за чудо се разбудил на неколку часа, и го прогласил роднината за убиец па умрел.
На улица во Багерија, во близина на Палермо, Антонио Триполи (66) бил погоден со четири куршуми во главата и одведен во болница во тешка состојба.
По десетдневна кома, Триполи одеднаш се разбудил, а полицајците го преплавиле со прашања на кои болниот потполно свесен, но без способност за говор, им одговарал со климање на главата.
На крај од испитувањето, а водени од индикациите, истражителите му покажале слика од 32-годишниот роднина, за кој ранетиот потврдил дека е тој убиецот.
Антонио Триполи починал неколку часа подоцна.