Манчестер Сити и Ливерпул одиграа нерешено 2:2 на „Етихад“ во Манчестер, во дербито на колото и првенството во Премиер лигата, по кое останува неизвесноста околу борбата за титулата.

Домаќинот два пати водеше со головите на Де Брујне (‘5) и Жезус (’36), но Ливерпул се враќаше во игра преку Жота (’13) и Мане (’46).

Натпреварот беше спектакуларен, со силен ритам, шанси и четири гола. Кога на крајот се ќе се собере, резултатот е можеби реален одраз на случувањата.

На седум кола пред крајот на шампионатот Манчестер Сити има 74 бода, бод повеќе од Ливерпул кој има 73, со што трката за титулата останува отворена.

Овие два ривала повторно ќе се сретнат идната сабота на „Вембли“ во полуфиналето од ФА купот.

Г.М.