Манчестер Сити убедливо со 3-0 го совлада Челси во дерби пресметката од Англиската Премиерлига. Кун Агуеро беше човекот на одлука, постигнувајќи ги три гола (33, 54, 80 минута) . Аргентинецот во последните 12 меча постигна 13 гола, тој е само 3 фудбалер кој постигнал хет трик како гостински фудбалер на Стемфорд Бриџ, претходно тоа му успеало на Робин Ван Перси и Кану.
Резултати : Евертон – Саутемптон 1-1, Манчестер јунајтед – Астон вила 1-0, Њукасл – Свонси 3-0, ВБА – Вотфорд 0-1