Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски ги
собра кандидатите за националниот тим, кои во среда, на „Филип Втори“,
ќе одиграат контролен натпревар со селекцијата на Данска.

„На првата прозивка на селекторот се јавија сите повикани фудбалери, она
што е најважно здравствениот билтен е одличен“, потврди за Макфакс,
портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски. Список на репрезентативци за натпреварот со Данска:

Голмани: Пачовски (Мехелен/Белгија), Богатинов (Карпати/Украина)

Одбрана: Тодоровски (Полонија/Полска), Грнчаров (Боте Пловдив/Бугарија),
Ристовски (Бари/Италија), Новески (Мајнц/Германија), Марковски
(Аполон/Кипар), Лазевски (Партизан/Србија), Мојсов (Таврија/Украина)

Ред за врска: Демири (Тун/Швајцарија), Стјепановиќ (Вардар), Тасевски
(Кирјат Шмона/Израел), Ранѓеловиќ (Вардар), Блажевски (Хоризонт
Турново), Глигоров (Алки/Кипар)

Напад: Тричковски (Бриж/Белгија), Пандев (Наполи/Италија), Ивановски
(Астра Полешти/Романија), Ибраими (Марибор/Словенија), Трајковски (Зулте
Варегем/Швајцарија), Јаховиќ (Цирих/Швајцарија).

Јаневски за овој натпревар поради повреди не можеше да смета на Хасани, Ѓеорѓиевски и Шиков. Контролниот натпревар со Данска, официјално 23-та репрезентација на ФИФА
листата, ќе биде последна проверка за македонската репрезентација пред
мартовскиот двомеч со Белгија, во рамките на квалификациите за пласман
на Светското првенство.

Данците, во Скопје ќе пристигнат во вторник, во попладневните часови, а
во 18:30 часот ќе одржат тренинг на арената „Филип Втори“. Натпреварот помеѓу Македонија и Данска ќе се одигра во среда со почеток во 19:30 часот.

“Макфакс“