По повод светскиот Ден на животната средина (5-ти јуни), Општина Охрид во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“, денеска организира акција за чистење на плажите од устието на реката „Грашница“ до основното училиште во Даљан.

Организаторите очекуваат еколошките друштва и граѓаните масовно да се вклучат во акцијата и на тој начин на дело да се покаже грижата за здрава и чиста животна средина.

За сите учесници во акцијата, ЈП „Охридски Комуналец“, ќе обезбеди кеси и ракавици.



По повод Светскиот ден на животната средина општината испечати и поголем број флаери и маици со цел да се влијае на подигнување на еколошката свест на граѓаните.

Ohridnews