Италијанска аматерска фудбалска екипа е вистинска ноќна мора за судиите. Имено, сите играчи, тренери, физиотерапевти, па дури и секретарката, имаат исто презиме, Де Фео.


Клубот, се разбира, се вика “Де Фео“, а за збрката да биде уште поголема, стадионот се наоѓа на улицата Рафаел Де Фео. Екипата ја основал поранешниот играч, 44-годишниот Маурицио Де Фео, кој ќе ја контактира Гинисовата книга на рекорди за екипата да влезе во историјата.