Кесингтонската палата објави дека Кејт и Вилијам ги покануваат сите кои сакаат да бидат присутни на посебниот ден за малата принцеза Шарлот пред црквата во која ќе биде крстена. Иако самата церемонија на крштевањето ќе биде од приватен карактер, сите се добредојдени да го видат и да го поздравата кралското бебе во дворот на црквата.
Кејт и Вилијам одлучиле на овој начин да се заблагодарат на сите оние кои ги следеле и поддржувале за време на бременоста. Кралскиот пар е благодарен за сите убави желби кои ги примиле по раѓањето на Шарлот од сите страни на светот. Крштевката ќе се одржи оваа недела во Норфолк. Принцот Хари поради обврски нема да биде присутен на церемонијата.