Најновиот тренд во пластичната хирургија во САД е зголемување на задниците кај жените кои сакаат да имаат заоблена и пополна позадина, како ѕвездите од светот на шоу бизнисот Ким Кардашиан и Џенифер Лопез. Околу 50 проценти од пациентите на хирургот Аскан Гавами од Лос Анџелес се определуваат за зголемување на задникот со ботокс.

Лекарот во овој процес не користи импланти како би ставил ботокс, туку зема маст од стомакот, рацете и нозете на пациентката, која потоа ја префрла во нејзиниот задник, а операцијата чини околу 14 илјади долари. Според неговите зборови, бројот на ваквите интервенции од 2010 година пораснал за 38 проценти, а холивудските ѕвезди играле значајна улога во определувањето на пациентите за оваа операција.