Ракометарките на Вардар со убедливата победа над Лајпциг (41-24), прва сезонава во Лигата на Шампиони ставија точка на бурната недела во клубот.


После ремито со Ференцварош на стартот од сезоната, смената од тренерската функција беше Индира Кастратовиќ а нејзиното место го зазеде триото Самсоненко, Станковски и Кокшаров кое имаше победнички ефект, но сепак главната заслуга за триумфот оди на сметка од Дејвис Камара кој минатата сезона беше дел од женскиот колектив.

– Нашата игра беше перфектна и сакам да им се заблагодарам на ракометарките за начинот на кој одговорија на оваа тешка недела која е зад нас. Сепак, главна заслуга за овој триумф има Камара кој цела недела работеше со ракометарки и ги подготви маестрално за овој натпревар. Потрагата за нов тренер продолжува и ќе го доведеме, но без брзање бидејќи ни треба време да го одбереме вистинскиот. – рече сопственикот на Вардар, Самсоненко.


Тренерското трио најверојатно ќе го предводи Вардар и во Русија против тимот на Астраханочка во рамките од третата рунда во групната фаза.

Шок терапијата вроди со плод, „вардарки“ го покажаа вистинско лице во ЛШ

Фото: 24ракомет
OhridNews