Познатиот писател, драматург и публицист, Братислав Ташковски е роден 1960 во Скопје. Автор е на книгите Прсти во облаците, Бикови во мојот крвоток, Опасна хартија , Ангелот и жедната муза, Демоника, Ангелот и Господ и други. Добитник е на наградите „Студентски збор“ и „Млад борец“, а во 2006 година ја доби и престижната награда на Струшките вечери на поезијата, „Браќа Миладиновци“.
Втората вечер на културната манифестација во Велестово ќе биде посветена на актерот Мирче Доневски, a ќе биде претставен и мултимедијалниот проект во адаптација на Срѓан Јанакиевиќ кој содржи проекција на арт видео, музички дел и театарски дел.