Вејн Руни го одигра последниот меч во дресот на англиската фудбалска репрезентација. Во заслужена пензија со сите почести, Руни испратен беше на дуелот со САД кој се одигра на „Вембли“ стадионот. Играчите пред почетокот на мечот го поздравија со ходник на победата, а целиот стадион го скандираше неговото име.

  • Да бидиш повторно на овој стадион, пред домашните навивачи е многу неверојатно и непроценливо. Уживав во секој момент кои вечно ќе ги паметам. Знам дека ова е прв пат некој вака да се збогува со англиската репрезентација и се надевам дека нема да биде последен, бидејќи моменталните играчи заслужуваат поради успесите кои ги направија. Исто така ја поздравувам идејата на федерацијата и сакам да им се заблагодарам за преубавото збогум. – изјави Руни.

Поранешниот фудбалер на Евертон и Манчестер Јунајтед запиша 120 настапи во дресот на Англија, а постигна 53 погодоци и стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата.

Головите во победата над американците (3-0) за англикста репрезентација ги постигнаа Џеси Лингард, Трент Александер Арнолд и Калум Вилсон.

OhridNews