Спортските сладокусци задоволно тријат раце, бидејќи денеска на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ на менито има двојна спортска програма.
Во 15 часот, фудбалерите на Охрид ги отвораат викенд возбудувањата со локалното дерби со Лабуништа во Втората македонска фудбалска лига-запад. Како што најавија, „рибарите“ ќе се борат до последен здив за запишување на првите бодови во второлигашкото друштво.
Љубители на спортот имаат нешто повеќе од еден час да ги сумираат впечатоците и разглобат таткиките и потези од фудбалот и комплетно да се насочат кон ракомет. „Гладијаторите“ на домашен терен во 19 часот го пречекуваат Радовиш. Ракометарите не размислуваат за ништо освен за победа, која ќе ги доближи чекор поблиску до пласман во плејофот.
Одиме Охрид! Сите на СРЦ „Билјанини Извори“!
OhridNews