Охрид за овој празничен продолжен викенд е полн сo туристи. Исполнети се и хотелите и приватните сместувачки капацитети, каде се бара кревет повеќе.

Поради зголемениот интерес, најголемиот авто превозник АД „Галеб“ Охрид, покрај редовните линии од и кон Скопје, кои се целосно распродадени, викендов на оваа релација воведе седум дополнителни линии во правец. Исто така, за прв пат оваа сезона, од Белград кон Охрид тргнаа два автобуси, целосно исполнети, информираат од „Галеб“.

Низ градот се чувствува зголема фрекфенција од возила, особено во центарот, каде едвај се наоѓа место за паркирање. Најавените концерти и фестивали овој викенд се очекува да привлечат дополнителен број туристи на охридската ривиера.

OhridNews