Колони возила од вчера попладне пристигнуваат во Охрид, кој и покрај тоа што празникот Први мај е во сабота, односно нема продолжен викенд ќе биде солидно исполнет.


Најмногу гости ќе има во викенд становите и во приватното сместување, додека интересот за хотелите е мал. Таму најбројни се екскурзијаните и помали групи туристи од Србија и Албанија кои викендов во Охрид ќе уживаат во топлото време.


Според прогнозите денес и утре ќе имаме вистински летни температури а живата во термометарот на места ќе се искачи до 30 степени Целзиусови. Во Охрид викендов ќе биде сончево и топло со температура до 28 степени.

Ohridnews