Во седиштето на Европската унија во Брисел,  денеска, треба да се одржи нова рунда разговори помеѓу претставници на власта и опозицијата во Македонија околу надминување на длабоката политичка криза во земјата.

На средбата што ќе се одржи со посредство на еврокомесарот за проширување на унијата Јоханес Хан, учество ќе земат делегации на владејачката ВМРО ДПМНЕ предводена од лидерот и премиер Никола Груевски, на опозициската СДСМ  на чело со лидерот Зоран Заев, како и на ДУИ и ДПА. На средбата како што е најавено, ќе присуствуваат и амбасадорот на САД во Македонија Џес Беји и евроамбасадорот Оли Рен.

Се очекува на средбата да биде постигнат договор за излез од кризата. Опозицијата инсистира на формирање транзициска влада без сегашниот премиер Груевски, што е неприфатливо за власта. Дали денешната средба ќе донесе приближување на крајно спротиставените ставови на власта и опозицијата останува да се види. 

Од исходот на преговорите во Брисел зависи и европерспективата на Македонија.

OhridNews