Дизајнерката Стела МекКартни од почетокот на својата успешна модна кариера се наметнала како една од омилените дизајнерки на светските славни личности. Затоа не не чуди кога во нејзините креации ќе видиме повеќе познати дами. Најновото парче од британската дизајнерка кое ѕвездите успешно го носат е супер шик црн комбинезон со
бели точки.

Пред осум месеци овој комбинезон прва го облекла холивудската актерка Камерон Дијаз за премиера на филм, а го комбинирала со Прада сандали. И кога речиси го заборавивме, Ел Макферсон го облекла истиот модел за едно телевизиско шоу, Со јакна со реси, овој шик комбинезон изгледал прекрасно.

Дури неколку седмици подоцна во овој точкаст кобинезон се појавила и Кајли Миног. Таа го комбинирала со златни сандали.

Можеби ќе го видиме и на некоја друга славна ѕвезда.

извор:www.moda.hr