Сезоната 2015/16 во елитното машко ракометно натпреварување почнува викендов, а покрај преносите од одредени натпревари што ќе се емитуваат на Македонската Радио Телевизија, преноси (live stream) на интернет-страницата на РФМ ќе бидат емитувани од сите средби од Суперлигата.
Првото коло од сезоната почнува во петок од 20:00 часот со натпреварот на кој ќе се сретнат Работнички и Охрид, додека во текот на викендот ќе се одиграат и средбите Пролет – Радовиш, Прилеп – Пелистер, Борец – Металург 2, а првата рунда ќе се комплетира во среда со дуелот меѓу Вардар 2 – Металург.
Сите пет натпревари од првото коло, како и сите останати средби во текот на сезоната од Суперлигата, ќе се емитуваат во живо на следниот линк : тука.
Ohridnews