Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од Шкотска 2-1 на последниот натпревар на домашен терен во квалификациите за мундијалот во Бразил.

Но, она што го одбележа мечот покрај погодоците беше пропустот на селекцијата од Македонија и главниот судија Фреди Фраутрел, кој мечот го започнаа без голман на голот од страната каде се бранеше македонската репрезентација.


Ваквиот прекршок е најголем по правилата од ФИФА бидејќи натпревар не смее да започне без голман и капитен, а францускиот арбитар го направи тоа.

Мх.П.