Денеска во 17 часот, на СРЦ „Билјанини Извори“, Фудбалскиот клуб Охрид Лихнидос ќе биде крунисан за шампион во Третата македонска фудбалск лига и промовиран во нов член во Втората МФЛ.
„Сино белите“ триумфирајќи во Третата МФЛ го вратија Охрид во фудбалот каде што припаѓа и затоа заслужуваат целосна почит, поддршка и полни трибини во последниот натпревар. „Рибарите“, второлигашки фудбал донесоа после седум години во Охрид. Во тој период фудбалската суша на сениорско ниво беше осетлива, а трибините бдеаа празни.
Од следнава сезона сето тоа ќе се промени. Симпатизерите на фудбалот ќе имаат свој миленик во Втората лига и во викендите покрај елитен ракомет и кошарка ќе имаат можност да уживаат во магијата на фудбалот.
Нека овој меч денеска биде почеток за нова успешна спортска приказна, затоа, сите на стадион-Охрид е шампион!!!
OhridNews