Под мотото „Сите на стадион. Заедно за Охрид со срце“ љубители на фудбалот и на фудбалскиот клуб Охрид Лихнидос, ќе можат бесплатно да ги следат натпреварите од пролетниот дел од сезоната.
Донесена е одлука од претседателот и управниот одбор на клубот Охрид Лихнидос сите натпревари кои ќе се играат на домашен терен во пролетниот дел од сезоната влезот ќе биде слободен, велат од клубот.
Во сабота екипата на Охрид Лихнидос ја пречекува екипата на Велешта во рамките на 18-тото коло од 2та македонска фудбалска лига.
Натпреварот е со почеток во 14 часот на СРЦ „Билјанини извори“.
OhridNews