Охриѓани за прв пат ќе може да бидат дел од првиот спортски отворен ден кој во организација на ЈП “Билјанини  Извори”, Црвен крст – Охрид и Сојузот за училишен спорт- Охрид со почеток во 11 часот ќе се одржи на спортските терени на СРЦ “Билјанини Извори”.

–   СРЦ Билјани извори ќе ги отвори вратите за сите вистински љубители на спортот, почнувајќи од најмладата популација па се до нивните дедовци и баби – рече на денешната прес конфенрнција в.д.директорот на ЈП Билјани Извори , Иван Цветкоски.

На терените на Билјанини Извори и спортската сала посетителите ќе имаат можност да заиграат фудбал, кошарка, бадминтон, тенис, хокеј на трева, да се пробаат во некоја атлетска вештина, а ќе биде и организиран и меѓународен кошаркаски трунир.

Покрај охридските екипи, на турнирот ќе учествуваат и гости од јуниорската школа од Нови Сад. На трунирот присутни ќе бидат и кошаркарите на охридскиот АМАК СП кои ќе ги учат децата на некоја “финта“ –  вели Гоце Тасески од Сојузот за Училишен спорт.

Покрај презентација на спортските дисциплини кои се негуваат во Охрид, ќе бидат промовирани и здравите начини на живеење а ќе има и презентација на здрава храна.

Ги повикуваме сите охриѓани кои сакаат да се дружат и да се забавуваат, да дојдат утре на “Билјанини“ . Со спортот рака под рака оди и здравиот начин на живот, па ова ќе биде вистинска можност за презентација на здравата исхрана. Активистите на Црвен крст како и пекарите и компаниите во градот ќе земат  активно учество во оваа манифестација –вели Сашо Тачко преседателот на Црвениот Крст од Охрид.
 
Утрешната манифестација ќе започне со едноминутно молчење во чест на трагично загинатите Ди Џеј Пантер и Ди Џеј Бруце. 

М.Постоловски