Дождот и умерениот ветер го исчистија воздухот во Охрид. Податоците од сите мерни места од системот за следење на загадувањето на Државниот инспекторат за животна средина – ДИЖС, покажуваат дека денеска охриѓани дишат чист воздух.
За илустрација, нивото на штетните Pm 10 честички во воздухот на мерното место кај гимназијата е 12.71 мг/м3, а на опасните Pm 2,5 е 6,27 мг/м3. Ниско е нивото и на јагнен моноксид и други штетни гасови во воздухот.
Според анализата на ДИЖС најголемото загадување во Охрид доаѓа од загревањето на домаќинствата, кои користат влажни дрва кои, пак, испуштаат двојно повеќе ЦО2. Дел доаѓа од неквалитетен јаглен кој исто така се користи во домаќинствата, а потоа следи сообраќајот, додека според Државниот инспекторат за животна средина најмало загадување има од индустријата.
Г.М.