Наместа има остатоци од снег на коловозот, а дополнително отежнување се и ниските температури поради кои има појава на голомразица. На возачите им се препорачува исклучително внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината на движење по лизгавите и со остатоци од снег коловози. Крајна внимателност и одржување на потребното растојание помеѓу возилата се препорачува низ клисурите и планинските превои каде е почеста појавата на поситни одрони.
Интензитетот на сообраќајот е умерен на патните правци надвор од градските средини.