Сите десет членови на персоналот во пабот „Шекспир Ин“, во центарот на Манчестер, законски го промениле името во Вејн Руни. Во популарниот бар сега ќе послужуваат десет келнери со исто име и гостите ќе имаат проблем кога ќе нарачуваат пијалоци.


Исто така збунувачки ќе биде и за самите келнери, бидејќи при играњето на натпреварите нема да знаат дали гостите повикуваат некој од нив, или едноставно го бодрат нивниот најдобар играч. Руни е познат како проблематичен играч, но за да нема проблеми во пабот, шефот го променил своето име во Фабио Капело.