Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која повеќе од успешно го организираше атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ отвори официјална страна на социјалната мрежа Фејсбук на која ќе можат да се најдат и прочитаат сите инфомации за следното издание.
Отварањето на фејсбук страната со новото лого е мал чекор и најава за новото издание на Охрид ТрчаТ, бидејќи за краток временски период се очекува Асоцијацијата да добие официјален интернет сајт, а дел од просторот да биде посветен на атлетскиот викенд кој го размрда Охрид.
Организаторите почнуваат со финалните базични подготовки за второто издание на атлетскиот викенд Охрид Трчат кој ќе се организира во првиот викенд во месец јуни следната година.
OhridNews