Со 111 гласови „за“, ниту еден „воздржан“ и „против“, Собранието го усвои Законот за специјален јавен обвинител.
Политичките партии задоволни од неговата содржина. За СДСМ постигнатиот договор е повеќе од она што го барала партијата. Барале обвинител, добиле обвинителство. Законот, според Петре Шилегов, дава можност за добар почеток на реинституција на институциите.
За ВМРО – ДПМНЕ со носењето на законот ќе се стави крај на шпекулациите за притисоци и пробивање на роковите од договорот.
Специјалниот обвинител има рок од 18 месеци за поведување или неповедување на обвинение.
Партиите на Албанците, ДУИ и ДПА се надеваат дека ова е почеток на крајот на агонијата низ која поминувале граѓаните изминтиве месеци.
Пратениците не го прифатија амандманот поднесен од Павле Трајанов кој бараше во законот да се вметне одредба за санкции која ќе предвидува од три до петгодишна затворска казна за лицето кое ќе ја попречува работата на специјалниот јавен обвинител.
Народните избраници вечерва ќе одржат уште една заедница на која ќе биде утврден предлогот катица јанева д абиде именувана за специјален јавен обвинител. Предлогот потоа ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители кој ќе ја избере Јанева на новата функција.
OhridNews
Извор:„Телма“