Во просториите на Општина Охрид се одржа работна средба помеѓу организаторите на Охрид трчаТ, Јавните претпријатија и државните институции околу третото издание на најголемата спортска манифестација.
На работната средба дефинирани беа сите детали околу обврските на Јавните претпријатија и државните институции пред, за време и после настанкот кој ќе се одржи на 31 мај, 1 и 2 јуни во Охрид. Организаторите ги преземаат сите мерки да го задржат високото ниво на организација за повторно Охрид трчаТ да биде вистински пример за професионализам.
Атлетскиот викенд Охрид трчаТ започнува на 31 мај со Ноќната трка. Учеството на Ноќната трка е бесплатно и е без старосна граница. Почетокот е во 21 часот, но сите заинитересирани мора да дојдат половина час претходно. Стартот на Ноќната трка е во близина на фитнес зоната Амброзија, додека завршницата е на Кејот Македонија пред Домот на култура Григор Прличев. В сабота на 1 јуни ќе се одвива ексопто на кое учесниците ќе ги подигнуваат стартните пакети и ќе имаат можност да се запознаат со трката и производите од спонзорите. Главниот настан ќе се одвива на 2 јуни в недела. Трката на 10 километри започнува во 9 часот, а петкилометарската трка стартува во 9 и 10 часот.
OhridNews
Добијте ги вашите фотографии од Охрид трчаТ бесплатно!