Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ и градот Охрид, на едно место ќе ги собере сите ракометни тренери од нашата земја. Утре, непосредно пред стартот на сезоната ќе се одржи редовниот тренерски семинар на кој тренерите полагаат за соодветната лиценца.

На семинарот тренерите ќе опфатат повеќе теми. За правилата на ракометна игра ќе зборуваат претседателот на Здружението на ракометни тренер Гино Стрезовски и долгогодишниот делегат Камер Металари. Моменталниот тренер на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ ќе предава за социјалниот-тактичкиот концепт во ракометен клуб.

Во вториот дел од семинарот охридскиот тренер Раде Стојановиќ ќе демонстрира комплекс вежби за шутерски тренинг од сите позиции, а тренерот на КЛ, Андон Бошковски ќе демонстрира елементи на групна тактика и техника во фаза напад.

OhridNews
Фото: Архива