Половина нови случаи на заболени од рак се регистрираат во сиромашните земји кои се најнеспремни за борба против ракот, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација .  Дури 60% од смртните случаи кај заболените од рак исто така се регистрирани во сиромашните држави. Во текот на 2007 година, шестпати повеќе жени починале од рак на грлото на матката во земјите во развој, отколу во богатите земји, соопшти СЗО.

4-ти декеври е Светски ден на борба против ракот, кој годинава се одбележува под мотото „Да ги охрабриме децата да се хранат здраво и бидат физички активни“.

Според предвидувањата на експертите до 2030 година би можело годишно да се регистрираат до 12 милиони смртни случаи предизвикани од рак. Најголем ризик фактор и натаму е пушењето, додека многу калоричната храна е на второ место меѓу факторите ризик.

Ohridnews