Група научници од универзитотот Бристол во Велика Британија направила детална хемиска анализа на 7500 години старо сито, пронајдено во Полска, и утврдила дека истото било користено за производство на сирење. Ова откритие покажува дека сирењето е намирница стара најмалку 7500 години. Научниците тврдат дека ситото, кое било направено од 34 видови глина, било користено за издвојување на сирењето од скисленото млеко, што е пример за примитивен начин на производство на сирење.
Научното истражување било објавено на интернет страната на списанието „Nature“ и научниците трделе дека имаат убедливи докази дека со ситото се произведувало сирење. Резултатите на истражувањето ги потврдил и професорот Пол Киндштед од универзитетот во Вермонт, кој е познат по делото „Сирењето и културата“. Рекол дека многу научници тврдат дека на територијата на денешна Турција сирење било правено уште пред 9500 години, но дека ова е прв валиден доказ за производството на овој вид прехрамбен производ.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com