Тешко дека некој ќе го стави сирењето во категорија на суперхрана,но кога се работи за вистинско сирење, а не пластичен сурогат , се работи за исклучително корисна намирница.
Сирењето е храна која брзо и лесно ќе ја исфрлиме од менито кога и да посакаме да ги намалиме килограмите, но ако малку подобро погледнеме што се ни носи сирењето во организмот, лесно би можеле да заклучиме дека е непромислен потег.
Имено, млечната маст од сирењето е на лош глас, а се работи за протеини со висока биолошка вредност кои придонесуваат за внес на енергија и на организмот му даваат многу материи за здравје – каротен, лецитин, витамини А, Д, Е кои се растворливи во масти.
Покрај заситените масти сирењата се полни со есенцијални и незаситени масни киселини како линоленската, а нивната задача е да ги спречи активностите на штетните микроорганизми во системот за варење.
Што се однесува до холестеролот, неговиот процент во сирењето зависи од видот на сирење, а најмалку го има во свежо подготвените сирења.
Вреди да се знае и дека сирењата се одличен извор на различни минерали, од бакар, фосфор и натриум, до калиум, магнезиум, цинк, и железо кои се неопходни за изградба на коските и забите, но попатно и за превенција на рак на дебелото црево и остеопорозата.
На крај, сирењето е најдобро да се конзумира со јогурт,а ако додадете и свежи зачини, навистина ќе уживате.
извор:metro-portal.hr