Синот на Вејн Руни, Каи, се приклучи на фудбалската академија во склоп на Манчестер Јунајтед. Информацијата ја пренесе Вејн Руни, кој се пофали на социјалните мрежи.
Ден за паметење! Каи се приклучи на Манчестер Јунајтед. Продолжи со напорна работа сине! – напиша Руни на социјалните мрежи.
Руни вкупно 13 сезони го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ и се стеткна со статус легенда на клубот. Поранешниот англиски репрезентативец е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, што сигурно ќе биде голем мотив за неговиот наследник, Каи.
Руни се уште е фудбалски активен. Тој дејствува како играч и тренер во тимот на Дерби Каунти.
OhridNews