Синот на Силвестер Сталоне, 36-годишниот Сејџ Сталоне, пронајден е мртов во неговиот стан. Неговото безживотно тело го пронашла куќната помошничка и повикала полиција и брза помош. Сејџ веќе бил починат, а покрај неговото тело пронајдени се празни шишенца од неколку различни видови таблети, па утврдено е дека се работи за предозирање.
Блиски извори велат дека не е пронајдено проштално писмо и полицијата не верува дека се работи за намерно самоубиство, туку случајно предозирање. Аутопсијата ќе биде наскоро извршена.
Портпаролот на Силвестер Сталоне за медиумите изјавил: “Силвестер е скрпен од тага поради ненадејната смрт на неговиот син. Неговото сочувство и мислите се сега со мајката на Сејџ, Саша. Сејџ беше многу талентиран и прекрасно момче. Неговата загуба засекогаш ќе се чувствува.“
Сејџ е роден и пораснат во Лос Анџелес, а тој е дете од првиот брак на Сталоне со Саша. Својата прва улога ја остварил кога имал 14 години во филмот Роки 5, глумејќи го синот на Роки, Роберт.