Синот на Роберт Дауни Џуниор, Индио, минува низ слични проблеми со зависноста од дрога како и неговиот татко, јавуваат медиумите. Индио моментално се наоѓа на одвикнување од лекови против болки. Поранешната сопруга на Роберт Дауни Џуниор и мајка на Индио, Дебора Фалконер, тврди дека не бил зависен и дека земал само по една пиплула на ден.
Таа додала дека нејзиниот син се лекува со витамини и органска храна. Тие двајца се венчале во 1992 година, а Дебора ја оставила ѕвездата на филмот „Ајронмен“ откако во 1996 година бил уапсен поради поседување дрога.