Фотомоделот и актерка Памела Андерсон на премиерата на филмот “The Gunman” во Лос Анџелес, на црвениот тепих прошетала со млад фраер. Неупатените шушкале дека нашла многу помладо момче од себе, а иако облекла златен фустан со длабоко деколте, наместо во неа, сите очи биле вперени во мизтериозното момче. Имено, Памела на премиерата се појавила со синот Брендон Ли.
Тој веќе се појавувал во јавноста и тоа кога се снимал документарецот “Playboy: The Ultimate Pamela Anderson”, но тогаш имал само шест години. Доколку може да се суди според фотографиите, на Брендон воопшто не му било тешко да им позира на фотографите. Тој е постариот син на Памела и Томи Ли, а израснал во вистински фраер. Инаку Памела има и помлад син, Дилан, кој има 17 години.