Неодамна се смирил со сопругата Ники Вилијамс која го оставила бидејќи бил насилен кон неа, но синот на Николас Кејџ по втор пат во еден месец кренал рака врз својата сопруга која е во четвртиот месец од бременоста. Полицијата го притворила Вестон Кејџ кој бил пријавен во полиција од сопругата Ники. Во притвор си ги пресекол рацете па поради тоа морале да го преместат во болница.


Откако лекарите го прегледале и востановиле дека посекотините не се сериозни го пратиле назад во затвор. Вестон се наоѓа во својата ќелија и чека некој да ја плати кауцијата од 40 илјади долари како би можел да излезе на слобода. Кога на почетокот на месецов ги уапсиле за нарушување на јавниот ред и мир, одлучиле да не подигнуваат обвиненија еден против друг. Признале дека се карале бидејќи биле под дејство на алкохол и се согласиле да одат на одвикнување. Се чини дека тоа не било вистинското решение за нивните проблеми.