Мик Шумахер, синот на легендарниот пилот Михаел Шумахер, од следната сезона официјално ќе биде дел од Формула 1 шампионатот. Мик потпиша договор за соработка со тимот на Хас и продолжи по стапките на Михаел, кој седум пати ја освојуваше титулата во Ф1.

Секогаш верував дека сонот за Ф1 ќе ми се оствари. Да возам за Хас ми претставува голема чест, но и огромен предизвик. Не можам да ви опишам колку сум среќен. – изјави Мик Шумахер.

21-годишниот Мик својот потенцијал сезонава го истакнува во Формула 2, каде има водство од 14 бодови на една трка од крајот на шампионатот.

Хас со доведувањето на Мик Шумахер го комплетираше тандемот за следната сезона. Друштво на Мик ќе му прави рускиот пилот Никита Мазепин.

OhridNews