Најстариот син на актерот Мајкл Даглас, Камерон, кој минатата година бил осуден на пет години затвор поради продажба на метамфетамин и кокаин, признал дека во затворот продолжил да продава дрога, поради што добил една година дополнителна казна затвор. Пред судот признал дека продолжил да продава дрога откако во неговата келија била пронајдена извесна количина од недозволените супстанции.
На сослушувањето минатиот април актерот, кој Мајкл го добил со својата поранешна сопруга Диандра, рекол дека сака нова прилика. Изјавил дека се извинува на семејството што им го приредил тој кошмар. Барал уште една можност да се поправи и да биде пример на помладите сестри и браќа.