Марстон Хефнер, синот на магнатот Хју Хефнер, бил уапсен поради напад на Плејбој зајачицата Клер Синклер. Полицијата во неговиот дом, во кој живеел заедно со Клер, пристигнала по повик на еден од членовите на нејзиното семејство. После интервенцијата полицијата на нејзиното тело пронашла бројни повреди, модринки и гребнатинки. Клер изјавила дека Марстон откако ја истепал не и дозволувал да ја напушти вилата, но таа успеала да им се јави на родителите и да им раскаже за драмата која се случила.


Марстон на полицајците им рекол дека се скарале, но негирал дека ја истепал. По истрагата бил уапсен и неколку часа подоцна бил ослободен со кауција од 20 илјади долари. Парот е во врска од август 2010 година. Марстон е син на Хју Хефнер од неговиот втор брак со зајачицата Кимберли Конрад.