Синот на холивудскиот актер Џеки Чен завршил во затвор по одлуката на судот во Пекинг поради користење дрога. Судот во округот Донгченг го казнил Џејси Чен на шест месеци затвор и паричен износ од 321 долар поради давање на засолниште на наркомани, според објавата на судската интернет страница. Максималната казна за тоа криминално дејство изнесува три години.

 

Чен ја признал вината на суд. Момчето кое има 32 години бил уапсен минатата година кога бил позитивен на марихуана, рекла полицијата. Ослободен бил после две седмици притвор. На судењето присуствувале околу 100 лица вклучувајќи ги роднините, локалните новинари и јавноста, а Џеки Чен уште претходно изјавил дека ниту тој ниту неговата сопруга нема да присуствуваат на судењето.