Ромео Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија, наводно ќе дизајнира колекција на очила за сонце за деца и го потпишал договорот за колекцијата која ќе се вика „Бамбино Бекам“. Извор близок на семејството изјавил дека Ромео многу сака да се занимава со дизајн и дека со месеци ги моли родителите да му дозволат да се испроба во тоа.
Изворот додал и дека Викторија и Дејвид одлучиле да ја задоволат неговата желба само ако покаже дека тоа навистина го сака. Како модели за промоција на очилата ги сака своите славни пријатели, Сури Крус, ќерката на Том и Кејти Холмс, како и Лени, ќерката на Хајди Клум и Сил.