Ако може да се суди според видео кое го објавила Бритни Спирс, навистина е можно нејзиниот син Шон Престон кој има шест години, да тргне по нејзините стапки. Имено, момчето танцувало пратејќи ги движењата на песната ‘Shake Your Groove Thing’. Шон навистина се трудел да ги следи движењата, а во тоа го попречувал единствено неговиот помал брат кој се возел на велосипед во дневната соба.

Пејачката видеото сама го поставила на Твитер. Момчињата ги има од бракот со Кевин Федерлајн, а моментално е верена со Џејсон Тревик.