Најстариот син на Бред Пит и Анџелина Џоли, Медокс, неодамна присуствувал на кастинг за својата прва филмска улога. Името на филмот е “Battling Boy”, а десетгодишниот Медокс би требало да ја добие главната улога.
Филмот бил базиран на приказна во цртежи за младиот син на еден бог, кој ги напуштил планините да би се приклучил на чудовиштата. Ќе го продуцира компанијата на Бред “Plan B”.


Медокс живеел, јадел и дишел заедно со филмовите и стриповите, па Бред и Анџелина помислиле дека би бил одличен избор за главната улога во овој филм. Анџелина неодамна за Медокс рекла дека е вистински интелектуалец, за што таа не си ги препишувала заслугите, бидејќи тоа било работа на гените.