Патрик Шварценегер, синот на Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер, бил полесно повреден овој викенд на скијање, пренеле американските медиуми. Младиот Шварценегер, кој има 18 години, инаку матурант кој повремено работи како манекен, се скијал во Сани Валеј, во државата Ајдахо во саботата кога се случила несреќата.


Тој на својот блог напишал дека му се случила мала несреќа. Заработил неколку модринки на грбот и бил сошиен на задникот. Им се заблагодарил на лекарите на центарот за скијање за се што направиле за него.