Најголемиот број поплаќи доаѓале од жителите во стариот дел од градот, но се жалеле и луѓе од останатите делови на Охрид. Врз основ на јавувањата, службите на СВР Охрид имале бројни интервенции на терен, при што биле изречени усмени предупредувања, кои во најголемиот број биле испочитувани и музиката намалена. Освен во два случаи, при што против сопствениците на два познати кафе- барови поднесени се прекршочни пријави.
И покрај тоа, очигледно е дека сопствениците на кафулињата си тераат по старо- не се грижат за тоа што музиката од нивните локали ги малтретира граѓаните од целиот град.
Ноќеска без мирен сон не останаа само жителите од стариот дел од градот. Прегласната музика која доаѓаше во текот на целата вечер до раните утрински часови од Спортскиот центар Билјанини извори, каде се одржуваше концертот во рамки на Пиво- фестот, ги принуди граѓаните од речиси целиот град да останат будни до зорите.
Никој од надлежните не знае да каже кој ја дал дозволата и дали при тоа воопшто се имало увид до колку ќе трае концертот и со која јачина на звукот.
Вечерва и утре, на Спортскиот центар Билјанини извори ќе се одржуваат паралелно неколку концерти, па по се изгледа дека жителите на Охрид и гостите ќе бидат принудени да поминат уште две непроспиени вечери.